Редовно менување и користење на квалитетно моторно масло е од голема важност за долговечност на моторот на вашиот автомобил. Функцијата на моторното масло е да изврши подмачкување на деловите од моторот. Поради големата брзина со која се движат деловите во моторот, доколку маслото не е квалитетно или користено подолг период од пропишаниот, ќе дојде до абење на деловите и намалување на квалитетот на работата. Квалитетните моторни масла му обезбедуваат на моторот подобра работа, заштита од корозија, ладење, чистење и помала потрошувачка на гориво.

Ние во АБ Новоселски во нашиот сервис, кој е дел од ЕУРОСЕРВИС групацијата, го користиме високо квалитетното моторно масло WOLF OIL од Белгија, за кое сме овластени увозници. Во програмата на моторни масла се опфатени сите патнички возила.

Во месец август промотивно со секоја промена на моторно масло во комплет со сите филтри (масло, гориво, воздух и кабина) добивате бесплатни сервисни услуги и безбедносна проверка на вашиот автомобил. Со безбедносната проверка ќе биде проверено:

  • Течности (за кочници, антифриз, за ветробранско стакло)
  • Акумулатор
  • Бришачи
  • Гуми (притисок и длабочина на шара)

Веднаш закажете сервис овде или јавете се на 075 206 710.

Закажете сервис