AB Novoselski

Како луѓето така и компаниите се менуваат со текот на времето и кога тоа се случува тогаш редизајнот на брендот станува неопходен. Бидејќи нашиот бизнис се прошири и промени, направивме мало освежување на визуелениот идентитет. Нашето лого сè уште е состои од Графички симбол и Типографија.

Го задржавме графички симбол – коњ на штит и направивме мали промени за истиот да изгледа помодерно и помоќно. Графичкиот симбол сега е исцртан со смели, силни и прецизни линии. Коњите се величествени, брзи и моќни животни кои имаат тесна историска поврзаност со транспортот и неговиот развој, исто како и нашата компанија. Врвот на штитот е надграден со мал графички елемент кој претставува историска градба во градот во кој е основана компанијата. Типографијата е исто така освежена. Името на нашата компанија сега е испишано со нов фонт. Палетата на бои е редуцирана од три на две – сина и црна.