АБ НОВОСЕЛСКИ ДОО Струмица, компанија со модерен сервис дел од ЕУРОСЕРВИС групацијата, производствен капацитет за течности за автомобили и продавници за авто делови во повеќе градови, поради проширување на обемот на работа има потреба од вработување на:

СМЕТКОВОДИТЕЛ (1 извршител)

Квалификации:

  • Завршено високо образование од областа на економијата;
  • Работно искуство од најмалку 2 години како сметководител;
  • Одлично познавање на работа со компјутер;
  • Пожелно е искуство во работа со Пантеон;
  • Поседување на возачка дозвола Б-категорија.

Работни одговорности:

  • Прием и средување на влезна документација
  • Книжење на изводи, влезни фактури и останата документација
  • Подготовка на разни извештаи според потребите на компанијата
  • Проверка и книжење на патни налози
  • Водење на благајна

Способности и вештини:

  • Одговорна, темелна, аналитична, посветена и комуникативна личност
  • Поседување на интегритет и лојалност
  • Иницијативност и подготвеност за флексибилност во динамични услови на работа
  • Способност за работа под притисок и со кратки рокови
  • Способност за тимска и индивидуална работа
  • Почитување и примена на пропишаните процедури и интерни акти на компанијата
  • Развиени организациски способности
  • Потенцијал за континуиран професионален развој

Ние нудиме:

  • Обука на избраниот кандидат;
  • Можност за развој и унапредување;
  • Редовни месечни примања;
  • Полно работно време 40 часа неделно.

Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим и ги исполнувате бараните услови, повелете аплицирајте на vrabotuvanje@ab-novoselski.com со назнака на работната позиција за која аплицирате или пополенте ја електронската апликација претискајќи на синото копче погоре.

Напомена: Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани

Статус: Активен

Град: Струмица

Објавено на: 02 • 07 • 2021

Електронска апликација