АБ НОВОСЕЛСКИ ДОО Струмица, компанија со модерен сервис, производствен капацитет за течности за автомобили и продавници за авто делови во повеќе градови, поради проширување на обемот на работа има потреба од вработување на:
МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА – ПРОДАВАЧ (2 извршители)
Квалификации:
- Завршено средно образование;
- Работно искуство и познавање на авто делови се смета за предност;
- Одлично познавање на работа со компјутер;
- Поседување на возачка дозвола Б-категорија;
- Познавање на англиски јазик.
Работни одговорности:
- Услужување на купувачите и продажба на производите;
- Работа со документи поврзани со секојдневното функционирање на продажното место,
- Континуирано учење на специфичностите на производите,
- Следење на залихата на артиклите,
- Учество во редовни пописи на артиклите,
- Редовно административно заведување на артиклите (влез-излез),
- Други работни задачи поврзани со секојдневното функционирање.
Способности и вештини:
- Одговорна и комуникативна личност
- Поседување на интегритет и лојалност
- Желба за работа во продажба;
- Способност за тимска и индивидуална работа
- Развиени организациски способности
Ние нудиме:
- Обука на избраниот кандидат;
- Можност за развој и унапредување;
- Редовни месечни примања;
- Полно работно време 40 часа неделно.
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим и ги исполнувате бараните услови, повелете аплицирајте на vrabotuvanje@ab-novoselski.com со назнака на работната позиција за која аплицирате или пополенте ја електронската апликација претискајќи на синото копче погоре.
Напомена: Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.