АБ НОВОСЕЛСКИ ДОО Струмица, компанија со модерен сервис, производствен капацитет за течности за автомобили и продавници за авто делови во повеќе градови, поради проширување на обемот на работа има потреба од вработување на:
РАБОТНИК ВО АВТОСЕРВИС (1 извршител)
Квалификации:
- Завршено минимум средно образование;
- Работно искуство на ваква или слична позиција;
- Предност ќе имаат помладите и стручни кандидати;
- Поседување на возачка дозвола Б-категорија.
Работни одговорности:
- Демонтажа, монтажа и балансирање на пневматици;
- Центрирање на геометрија на возила со најсовремено 3Д ласерско подесување;
- Одржување и грижа за работниот простор;
Способности и вештини:
- Комуникативност, организираност и одговорност;
- Поседување на интегритет и лојалност
- Способност за работа под притисок и со кратки рокови
- Способност за тимска и индивидуална работа
- Почитување и примена на пропишаните процедури и интерни акти на компанијата
Ние нудиме:
- Пријатна работна атмосфера;
- Редовни месечни примања;
- Сите кандидати ќе бидат тестирани, а одбраните ќе поминат и платен тест период.
- Полно работно време 40 часа неделно.
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим и ги исполнувате бараните услови, повелете аплицирајте на vrabotuvanje@ab-novoselski.com со назнака на работната позиција за која аплицирате, или на viber на 075 214 336.
Напомена: Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.