АБ НОВОСЕЛСКИ ДОО Струмица, компанија со модерен сервис дел од ЕУРОСЕРВИС групацијата, производствен капацитет за течности за автомобили и продавници за авто делови во повеќе градови, поради проширување на обемот на работа има потреба од вработување на:
СМЕТКОВОДИТЕЛ (1 извршител)
Квалификации:
- Завршено високо образование од областа на економијата;
- Работно искуство од најмалку 2 години како сметководител;
- Одлично познавање на работа со компјутер;
- Пожелно е искуство во работа со Пантеон;
- Поседување на возачка дозвола Б-категорија.
Работни одговорности:
- Прием и средување на влезна документација
- Книжење на изводи, влезни фактури и останата документација
- Подготовка на разни извештаи според потребите на компанијата
- Проверка и книжење на патни налози
- Водење на благајна
Способности и вештини:
- Одговорна, темелна, аналитична, посветена и комуникативна личност
- Поседување на интегритет и лојалност
- Иницијативност и подготвеност за флексибилност во динамични услови на работа
- Способност за работа под притисок и со кратки рокови
- Способност за тимска и индивидуална работа
- Почитување и примена на пропишаните процедури и интерни акти на компанијата
- Развиени организациски способности
- Потенцијал за континуиран професионален развој
Ние нудиме:
- Обука на избраниот кандидат;
- Можност за развој и унапредување;
- Редовни месечни примања;
- Полно работно време 40 часа неделно.
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим и ги исполнувате бараните услови, повелете аплицирајте на vrabotuvanje@ab-novoselski.com со назнака на работната позиција за која аплицирате или пополенте ја електронската апликација претискајќи на синото копче погоре.
Напомена: Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани